Ако сакате прва класа во авион, зафатети ги овие места: Стјуардеса откри трик кој ќе ви овозможи бесплатно да уживате во летот (видео)

Стјуардесата Сиера секојдневно споделува искуства, совети и трикови кои ги научила на својата работа на својот профил на TikTok. Во неодамна објавеното видео кое собра повеќе од 1,2 милиони прегледи, таа откри каде треба да седат патниците во авион ако сакаат бесплатна надградба. „Оние кои седат во последниот ред имаат поголеми шанси да бидат преместени во прва класа.

,,Авиокомпаниите не сакаат да знаете дека на повеќето летови луѓето се преместуваат поради тежина и рамнотежа. Ако сакате да летате во класа без да платите, препорачувам да го изберете задниот ред“, изјавила стјуардесата и објаснила дека не ги преместуваат луѓето од учтивост.

„Нормално е дека ако нашиот лет е полн, мораме да ги преместиме луѓето поради тежина и рамнотежа. Во зависност од бројот на луѓе во авионот, опашката на авионот станува тешка и стјуардесите можеби ќе треба да ги преместуваат патниците кои седат во назад“, додаде таа.

Друг начин да се добие бесплатна надградба е да се носат закуски за членовите на екипажот.

„Можеме да направиме чуда кога патниците ни носат кафе или чоколадо. Особено кога имаме последователни летови, а немаме време ни да одиме да земеме храна“, заклучи таа.