Актерката која ја нарекуваат новата Софија Лорен го освои црвениот тепих во Венеција со својата убавина и насмевка
Мадалина Генеа, романската актерка и манекенка која многумина ја сметаат за најубавата жена на светот и ја нарекуваат новата Софија Лорен, го украде целото внимание на црвениот тепих на 81-то издание на Филмскиот фестивал во Венеција.
Актерката се појави во беж фустан со качулка, а исечоците на креацијата ги истакнаа нејзините бујни гради и долгите нозе.
Аутфитот го комплетираше со златен накит и сандали.
За премиерата на филмот „Joker: Folie a Deux“, Мадалина избра тесен фустан со светки. Таа беше добро расположена и со задоволство позира пред фотографите.
Инаку, 37-годишната Маделина ја одигра првата значајна улога во филмот „Куќата на Гучи“ каде ја играше Софија Лорен, а поради нејзиниот изглед многумина ја споредуваат со таа позната италијанска актерка.
На почетокот на годината на Нетфликс излезе филмот „Длабок страв“ во кој главната улога ја толкува убава Романка, но публиката не е претерано воодушевена од ова достигнување.
Маделина накратко беше во врска со Леонардо ди Каприо и Џерард Батлер.