АЛАРМ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ – Политичарите и вработените добија итно СМС порака: “Не пијте вода од шишињата!“

Пратениците во Европскиот парламент во Стразбур денес беа предупредени да не пијат вода од шишињата што се делат, откако на некои од присутните им се слошило и постои сомневање за контаминација.

Не пијте флаширана вода во просториите на ЕП во Стразбур“, се вели во итната СМС порака испратена до илјадници политичари и вработени.

Националните власти се известени. Во тек се проверки“, се вели во пораката.

Флаширана вода се дели и во просториите на Претседателството на Европскиот парламент и дел од гостите добија сомнителна вода. Се проверува секоја можност, вклучително и дали се работи за саботажа.

Во 12 часот и 40 минути сите прво беа информирани преку СМС, а во 13 часот и 15 минути добија официјално известување со кое се потврдува сомнежот. Неофицијално, од војната со Украина, воведени се дегустатори на храна и пијалоци. Сите вработени во ЕП веќе се предупредени дека ќе им се зголеми будноста за време на празниците бидејќи ЕУ може да биде цел на напад“, пишуваат дел од европските медиуми.