Албански фудбалер ги пцуеше Македонците на Европското првенство: Публиката повторуваше по него! Невиден срам! (ВИДЕО)
Албанија одигра нерешено со Хрватска, односно со гол во судиското продолжение, Албанија изедначи на 2-2 и успеа да и земе бод на Хрватска.
Сепак овој интересен натпревар беше засенет од провокативни пораки од трибините, а уште поголем скандал направи Мирлинд Даку кој по дуелот ги пцуеше Македонците и Србите.
Наместо како спортист да ги смири страстите меѓу навивачите, Даку уште повеќе ги разгоре страстите и водеше навредливо скандирање.
Претходно во текот на натпреварот гледавме и заедничко националистичко скандирање од навивачите на трибините на двете селекции против Србија.