АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ НАЈАВИ ПОСЕТА НА БРИСЕЛ СО АЛБИН КУРТИ – Нова рунда преговори за Косово: “Наше е да ги зачуваме националните интереси на Србија!“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес од Лесковац најави дека во наредните денови очекува тој и премиерот на Косово, Албин Курти, да остварат заедничка средба со посретство на високи претставници од Европската унија во Брисел.

Очекувам во следните два-три дена јас и Албин Курти повторно да одиме во Брисел. Наша задача е да ја заштитиме Србија од сите можни мерки и колапс на државните интереси и верувам дека ќе успееме“, најави Александар Вучиќ.

Никогаш не сме барале санкции против никого, никогаш. Сериозните земји и влади не се однесуваат така“, додаде претседателот на Србија говорејќи за неговата посета на Брисел, пренесуваат соседните медиуми.

Александар Вучиќ

Потоа тој коментираше за постапките на премиерот на Косово и опозицијата во Србија.

Хистеричен пристап кон се, не верувам какви луди работи читам, никој со здрав ум не може така да зборува. Се што е лошо за Србија е добро и за Албин Курти, и за оние во Србија кои се против нас. Ним им е важно само Албин Курти секој ден да зборува против мене. Битно им е да се направи нешто против Александар Вучиќ, не ги интересира колкава штета и нанесоа на Србија, видете колку насловни страници добија во Приштина. Да не зборуваме за употребените изрази, а сите добро ги гледаат луѓето. Само чекам да видам каков ќе биде нивното оправдување по овие избори, како она што го слушавме во претходните циклуси“, вели Александар Вучиќ.