Алиев и Ердоган му честитаа на Вучиќ за победата на изборите

Српскиот претседател Александар Вучиќ доби честитки по повод успешно одржаните вонредни парламентарни избори и победата на коалицијата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“, а меѓу првите што му честитаа беа претседателите на Азербејџан и Турција, Илхам Алиев и Реџеп Таип Ердоган.

Алиев му честиташе на претседателот Вучиќ за успешното одржување на вонредните парламентарни избори и за сигурната победа на коалицијата предводена од Вучиќ.