Алијанса за Албанците на седница на претседателството одлучува за преговори со Владата

Претседателството на Алијанса за Албанците во седиштето во Тетово ја започна најавената средба по одлуката минатиот викенд на Централното собрание за формирање на преговарачкиот тим за учеството на партијата во Владата. Од 17 часот заседава ова партиско тело што треба да одлучи за тоа кој ќе учествува во тимот за преговори со Владата.

Претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари пред почетокот на седницата кратко најави дека ќе се формира тим за преговарање но претходно ќе ги слушне ставовите на членовите претседателството.

–Да разговараме, прво да се видиме, да разговараме. Прво да ги слушнам сопартијците. Ќе има тим за преговори, рече Таравари.