Поранешниот командант на ОВК и сегашен лидер на ДУИ во Северна Македонија, Али Ахмети, вели дека Косово сноси одговорност за лидерите на ОВК во Хаг, „бидејќи тие не се обични луѓе“.
„Не ги знам деталите, но Косово сноси одговорност. На крајот на краиштата, тие луѓе се оние кои придонесоа за слободата и независноста на Косово. Тие не се обични луѓе, туку се луѓе кои ја понесоа одговорноста до ослободувањето, па дури и до независноста на Косово“, изјави Ахмети.
„Нашата војна беше праведна и правдата мора да се воспостави во земјата, ова е многу организирана војна од исток за борба против западот, Соединетите Американски Држави, НАТО, Европската Унија затоа што тие поддржаа армии кои извршиле злосторства, дезориентирани и неорганизирани луѓе. Сепак, сведочењето на заменик-државниот секретар, сведочењето на советникот од Рамбује и другите сведочења што ќе следат ќе истакнат една вистина, вистина што никој не може да ја негира, овој процес започна лошо, на најтенденциозен начин со жолтата книга. Кога се виде дека жолтата книга е бајка со еден крал за понижување на Ослободителната војска на Косово, тогаш обвинението се смени, во бесмислено обвинение, злосторнички потфат, па затоа сум многу убеден дека правдата ќе победи и ќе излезе на виделина“, рече Ахмети на прашањето на новинарите по откривањето на статуата на Африм Житија во Љуга Подуево.
Што се однесува до неговиот однос со Курти, тој рече дека отсекогаш имал добри односи со косовските институции. „Никогаш не сум имал лош однос со ниту една институција, ниту еден лидер на Косово. Од другите зависи како ќе ги градат тие односи, но јас отсекогаш сум имал добри односи со косовските институции“, одговори Ахмети.