Али Ахмети: Силно го поддржувам Косово во дијалогот со Србија

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со Албин Курти во Охрид, вели дека силно стои зад Косово во одлучувачките моменти во дијалогот со Србија.

Во објава на Фејсбук тој пишува дека независно Косово е реалност.

Целата објава на Ахмет:

„ Јас стојам во силна поддршка на Косово во одлучувачките моменти од неговиот дијалог со Србија и во сите понатамошни чекори за целосно заокружување на неговото државјанство на сите меѓународни нивоа.

Ова денеска му го изразив на премиерот на Република Косово, г. Албин Курти на средбата што ја имавме заедно во Охрид.

Независно Косово е реалност и правда која дојде во сопствената земја, потврдена и од Европа и од САД, што не може никако да се оспори.

Го охрабрив премиерот Курти за позитивен епилог на дијалогот за принципите на взаемно признавање прокламирани од посредниците на ЕУ кои имаат искрена цел да ја задржат стабилноста и европската иднина на целиот Западен Балкан .