Амазон потврди дека отпуштил 14.000 работници, нивните работни места ќе бидат извршувани од вештачка интелигенција
„Амазон“ потврди дека планира да намали илјадници работни места, велејќи дека треба поефикасно да се организира за да ја искористи можноста што ја нуди вештачката интелигенција (ВИ).
Технолошкиот гигант соопшти дека ќе ја намали својата глобална корпоративна работна сила за приближно 14.000 работни места.
Претходните извештаи покажаа дека тие планираат да отпуштат дури 30.000 работници.
Бет Галети, виша потпретседателка на „Амазон“, им рече на вработените дека овој потег ќе ја направи компанијата уште посилна преку прераспределба на ресурсите.
Кон крајот на јули, „Амазон“ објави резултати за вториот квартал кои ги надминаа очекувањата на „Волстрит“ во неколку области, вклучувајќи зголемување на продажбата од 13 проценти на годишно ниво.
Галети рече дека намалувањата се неопходни бидејќи вештачката интелигенција е „најтрансформативната технологија што сме ја виделе од времето на Интернетот“ и дека „им овозможува на компаниите да иновираат многу побрзо од кога било досега“.
Компанијата претрпе неколку рунди отпуштања во последните години. Во текот на неколку месеци во 2022 година, отпушти околу 27.000 работници.