“АМЕРИКАНЦИТЕ ПРАВАТ ПОВЕЌЕ УКРАИНЦИ ДА УМИРААТ“ – Кремљ тврди дека САД ја провоцираат Украина да ја продолжи војната
Кремљ соопшти дека посетата на Украина на заменик-државниот секретар на САД, Викторија Њуланд, е провокација со цел продолжување на војната.
„Американците прават така за Украинците да чувствуваат поголема болка, Американците прават повеќе Украинци да умираат“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„САД директно се вклучени во конфликтот и се повеќе се заплеткуваат во него“, додаде Димитриј Песков, кој истовремено изрази уверување дека тоа нема да го промени исходот од војната.
Русија постојано го обвинува Запад за поддршката што му ја дава на Киев за одбивање на руските напади и тврди дека тоа е и причината за многубројните жртви.