Ана Бекута проговори за борбата со здравствен проблем: Многу жени ќе се препознаат, процесот на заздравување е бавен, но остварлив (ФОТО)

Здравствената состојба на Ана Бекута не е во најдобра состојба, а речиси никој до неодамна не знаеше со што се бори естрадниот уметник подолго време.

Дури и членовите на семејството, синот Игор Полиќ, внуката Соња и внукот Бранко, биле запознаени само со одредени сегменти, додека пејачката  ги задржала вистинските детали за себе.

 

Таа одвреме-навреме им се обраќаше на своите следбеници на Инстаграм информирајќи ги дека решила радикално да го промени својот живот и дека започнала диета, а никој не можел ни да претпостави дека разнишаното здравје на Ана Бекута е всушност вистинска причина за нејзината борба и промената на начинот на исхрана.

За што точно станува збор, само со првите поволни резултати реши да проговори, повторно преку Инстаграм.

– После три недели диета, мојата крвна слика е совршена – напишала Бекута и се заблагодарила на тимот експерти кои и’ помогнале на патот кон подобрување на нејзиното здравје.

Ана не крие дека почнала и со тренинзи кои редовно ги практикува во својот  дом во Врачар.