Премиерката Ана Брнабиќ на седница на српското Собрание изјави дека опозицијата со своето однесување ја „дели Србија“ и дека ако се смени власта, ќе оди на „доживотен затвор или во логор“, како и да опозицијата покажала дека нивната борба против насилството значи дека актуелната власт ќе биде „бркана на улица“, јави дописникот на МИА од Белград.
„Тие се охрабрија и не бркаат по улиците, не само политичарите, туку и оние кои мислат поинаку“, кажала Брнабиќ во српскиот парламент.
Таа смета, како што додава, дека опозицијата наскоро ќе дојде на власт.
„Некои од нас ќе одат во затвор, некои на доживотна без судење, а веќе видовме каква врска имаат судиите кои вие ќе ги поставите“, вели премиерката.
Таа посочи дека „мантрата на власта“ е борбата против насилството и разоружувањето на Србија и дека досега се запленети 35.052 парчиња оружје.
Одговарајќи на говорот на лидерот на Демократската партија (ДС), Зоран Лутовац, кој на седницата на Собранието изјави дека насилството се генерира од врвот на власта, таа рече дека не слушнала никакви предлози од опозицијата освен барања за промени.
„Не слушнав никакви мерки, освен мерките на протестите. Вашите мерки се отстранување на (Братислав) Гашиќ, (Александар) Вулин, промена во РЕМ и затворање на медиумите кои не ви се допаѓаат. Но, за да се исполнат сите ваши барања, да ги прашам граѓаните на Србија, како со тоа би се спречила ваква трагедија во иднина. Тие барања немаат врска со трагедијата и убиените деца, но исклучиво имаат врска со политика. Вие го кажавте тоа усно, не писмено – вашето барање е да се смени (Александар) Вучиќ. Јас зборувам за мерките што ги предложивте, а покрај нив гледам дека зборувате за контрамитинг на 26. мај. Нема контрамитинг, тоа е митинг на надеж, не е контрамитинг“.