АНА БРНАБИЌ СИ ЗАМИНУВА ОД МЕСТОТО ПРЕМИЕРКА НА СРБИЈА !? Александар Вучиќ најави ‘многу важни одлуки’ за утре, а уште вечерва може се да биде решено! Кој е наследникот !?

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, со денови вели дека е подготвена да поднесе оставка, а доколку тоа навистина се случи, во игра за нејзин наследник е министерот за надворешни работи и претседател на СПС, Ивица Дачиќ, дознава српскиот портал Nova.rs.

Дали ќе биде така може да се знае веќе вечерва, кога на јавноста ќе и се обратат претседателот на СрбијаАлександар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ.

Александар Вучиќ и Ивица Дачиќ вчера одржаа средба која претседателот на СПС ја оцени како „многу добра“. Информацијата за таа средба и двајцата ја објавија на социјалната мрежа Инстаграм.

Националното единство и политичката стабилност се најважниот национален и државен интерес. Многу добар разговор со претседателот Александар Вучиќ“, напиша Ивица Дачиќ на социјалната мрежа Инстаграм.

Александар Вучиќ изјавил дека со лидерот на СПС разговарал „за иднината на Србија, заеднички планови, програми и мерки“.

Утре вечер ќе презентираме дел од она на што напорно работиме со недели“, најавил претседателот на Србија.

Не е исклучено владејачкото мнозинство да донесе одлука за вонредни избори, но според информациите на Nova.rs во моментов пореална опција е реконструкција на Владата.

Се шпекулира и дека доаѓањето на Ивица Дачиќ на чело на Владата би послужило и како добар аргумент за приклучување кон „Движењето за народот и државата“ на Александар Вучиќ бидејќи дел од социјалистите се против приклучување кон таа организација.

Инаку, претходно беше најавено дека претседателот на Србија во четврток ќе присуствува на седницата на Владата на која ќе се донесат „многу важни, стратешки одлуки кои ќе ја одредат иднината на земјата“, пренесува Nova.rs.