Англичаните бесни поради прославата на Варди: Фановите ја навредувале неговата сопруга, па тој им сервира сурова одмазда! ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО НАПРАВИ! (фото/видео)
Фудбалерите на Лестер го совладаа Бристол Сити (1:0) на свој терен во осмото коло од англискиот шампионат, а огромното внимание на јавноста на Островот го привлече шокантната прослава на голот на херојот на „Лисиците“, искусниот Џејми Варди. .
Варди постигна гол и го прослави трчајќи кон навивачите на противничкиот тим.
Имено, за време на натпреварот симпатизерите на Бристол постојано го провоцирале Варди и ја навредувале неговата сопруга Ребека, па тој решил да им сетвира сурова одмазда.
Кога постигна гол од пенал, им покажа на соиграчите да не му приоѓаат и да останат на противничката половина од теренот, а тој самиот тргна да им се одмазди.
Тој истрча низ теренот и отиде до трибината каде што беа навивачите на Бристол. Застана пред нив и им го покажа своето име на дресот.
Лестер моментално е лидер во Чемпионшип со 21 бод, исто колку и второпласираниот Ипсвич.