Англичаните тврдат: Ова е човекот кој ќе го наследи Јирген Клоп – тоа ќе биде атомски напад од “Енфилд“
Јирген Клоп пред неколку дена донесе одлука која беше тешка за сите навивачи на Ливерпул. Имено, легендарниот Германец „пукна“ и на крајот од сезоната се збогува со Ливерпул и „Енфилд“. Веднаш по таа објава, медиумите на островот почнаа да го разгледуваат неговиот потенцијален наследник, а како еден од најверојатните кандидати се споменува Италијанецот Роберто Де Зерби.
Јирген Клоп ја испиша историјата на Ливерпул, по три децении ја врати шампионската титула на „Енфилд“, ја освои Лигата на шампионите, ФА Купот, но се чини дека дојде заситеноста. Германецот е навистина обожаван од навивачите на Ливерпул и на сите им беше многу тешко да се помират со фактот дека тој си заминува од клупата.
Иако одлуката за неговиот наследник најверојатно ќе биде донесена дури по крајот на сезоната, медиумите во Англија тврдат дека најверојатен кандидат е италијанскиот стручњак Роберто Де Зерби.
Роберто Де Зерби прави одлична работа со Брајтон оваа сезона и е познат по неговата љубов кон напаѓачки фудбал, што не е толку типично за италијанските менаџери кои имаат тенденција да ја ставаат одбраната на прво место. Навивачите на Брајтон можат навистина да уживаат во прекрасен фудбал и натпревари кои многу често завршуваат со многу постигнати голови.
Италијанецот своето име како тренер го изгради во Сасуоло, пред да го преземе тимот на Шахтјор Доњецк во 2021 година. Меѓутоа, поради воената состојба во Украина, тој беше принуден да замине, а неговото патување го однесе во Брајтон.