Андоновски и Јанушев на средба со претставници на ОБСЕ: Најголема обврска ни е заштита на волјата на граѓаните од злоупотреби и навремена превенција на можни нерегуларности
Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски и членот на ИК и пратеник во Собранието на Република Македонија, Игор Јанушев остварија средба со претставници на мисијата на OSCE/ODIHR.
Најголема обврска ни претставува заштитата на волјата на граѓаните од злоупотреба и навремена превенција на можни нерегуларности. Клучна во овој сегмент е поддршката и присуството на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.
На средбата се разговараше и за придонесот на номинираните министри и заменици министри во техничката влада предложени од ВМРО-ДПМНЕ кои имаат за цел обезбедување на легален изборен процес за претстојните претседателски и парламентарни избори.
Со лична заложба и реализација на проекти по изборите, мораме што поскоро да ја поправиме сликата за нефункционалноста на системот која владее во перцепцијата на секој ѓраѓанин во последните години.