АПЕЛ ЗА МИР ОД ВАТИКАН – Папата повика на прекин на војната: “Браќа, престанете!“

Папата Франциско повика во неделата да се прекине војната меѓу исламистичкото движење Хамас и Израел и да се дозволи повеќе хуманитарна помош да стигне до Појасот Газа.

„Војната е секогаш пораз, тоа е уништување на човечкото братство. Браќа, застанете, застанете!“ повика тој во неделата од плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан.

Го повторувам мојот повик премините да бидат отворени, хуманитарната помош да продолжи да пристигнува и заложниците да се ослободат“, додаде тој.

Борците на Хамас се инфилтрираа на израелска територија од Појасот Газа на 7. октомври, ширејќи терор во напад без преседан од создавањето на Израел во 1948 година.

Над 1.400 луѓе се убиени во Израел, повеќето од нив цивили – застрелани, живи запалени или осакатени на денот на нападот, според израелските власти. Министерството за здравство во Појасот Газа во неделата објави дека над 4.700 Палестинци се убиени, а речиси 16.000 се ранети во израелските напади од 7. октомври.

Израел во неделата навечер ги засили нападите врз Појасот Газа, во пресрет на најавената копнена инвазија. Израелските власти додадоа дека десетици палестински борци биле убиени во тие напади во текот на ноќта.

Портпаролот на израелската Армија потврди дека во Појасот Газа има 212 заложници.