АРАБИЈА ПРАВИ РЕВОЛУЦИЈА ВО ТЕНИСОТ: АТП станува „спореден играч“ ?

Ако помине, ќе донесе гледаност, но самиот спорт ќе загуби.

Доаѓа револуција во тенисот и секако од Саудиска Арабија. Се појавија шпекулации за можно формирање на Супер турнеја, која ќе воведе невидена револуција во светот на тенисот.

Идејата е четирите Грен слемови да ја формираат централната сцена и заеднички да ги купат преостанатите девет турнири од Серијата 1.000 на кои би го додале десеттиот планиран од АТП, чиј домаќин би била Саудиска Арабија.

Ова би резултирало со силен циклус од 14 силни натпреварувања и ваквата „Суперлига на турнири“ дефинитивно би претставувала голем удар за АТП, кој би останал да управува со турнирите од серијата 500 и 250.