Арбен Таравари уверува: “Има јасни сигнали дека земјава ќе ги отвори преговорите со ЕУ заедно со Албанија“
„Има јасни сигнали дека Северна Македонија ќе ги отвори преговорите со Европската Унија заедно со Албанија“, истакна претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари при денешната посета во Куманово.
Одговарајќи на новинарско прашање што ја чека државата доколку не се изгласаат уставните промени, Таравари истакна дека не е важно како ќе изгледа следната влада, туку, како што посочува, важно е дека се даваат јасни сигнали дека земјава најверојатно ќе ги отвори преговорите со ЕУ заедно со Албанија.
„Не сакам да верувам во тоа, сега веќе се гледаат јасни сигнали и од македонската опозициска партија ВМРО дека се спремни да ги гласаат уставните промени. Не е важно како ќе изгледа следната влада, или како ќе се организира владата во следните шест месеци, тоа што е важно е дека се даваат јасни сигнали дека Северна Македонија најверојатно ќе ги отвори преговорите со Европската Унија заедно со Албанија“, изјави Таравари.
Тој посочува дека воопшто не би било добро доколку државата не ги започне преговорите со Европската Унија, потенцирајќи дека фокусот треба да биде на евроинтеграциите.