АРКАН ГО СЛАВЕШЕ НЕГОВОТО УБИСТВО! Господареше во југословенскиот фудбал, пред смртта на Ражнатовиќ “му се замери до гроб”
Откако направи историски успех со Железник, контроверзниот Јуса Булиќ во „Мали Пољуд“ донесе лав од белградската зоолошка градина. Кога бил убиен, Жељко Ражнатовиќ Аркан наводно славел.
Во текот на деведесетите, југословенскиот фудбал беше тесно поврзан со криминалот, а тоа особено се однесува на „помалите“ белградски клубови, кои најмногу „грб“ го имаа во влијателни ликови од подземјето. Додека Жељко Ражнатовиќ Аркан го создаваше шампионот Обилиќ во Врачар, неколку километри подалеку, во предградието на Железник, прв човек на клубот беше Јусуф „Јуса“ Булиќ.
Контроверзниот сопственик на клубот, кој речиси целиот свој имот го стекна преку криминал во странство, за само пет години го однесе Железник од зоната на Белград до елитното ниво на фудбалот во земјата во тоа време. Прекарот на клубот кој сосема неочекувано стана еден од најдобрите во земјата беше „Лавови“, а тоа име го носеше и истоимената обложувалница во сопственост на семејството Булиќ.
И додека Аркан во Врачар имал тигар, во Железник имале лав! Целата фудбалска јавност во Србија се сеќава на натпреварот меѓу Обилиќ и Баерн Минхен во квалификациите за Лигата на шампионите, кога младенче тигар прошета низ стадионот во Врачар во летото 1998 година. Тоа беше вистински симбол на Обилиќ и потег целосно усогласен со имиџот што го имаше Жељко Ражнатовиќ, но не беше прв ваков детал во тогашниот југословенски фудбал.
На натпреварот против Младост од Бачки Јарак, на крајот од сезоната 1996/97, „гостин“ на тимот од Железник беше лав од белградската зоолошка градина. Дури и „Берлусконите од Железник“ , како што тогаш го нарекуваа Булиќ, позираше покрај кафезот во кој имаше возрасно животно префрлено од центарот на градот во периферијата, само за потребите на клубот, кој во тие денови влезе о друштвото на најдобрите тимови во земјата.
КОЈ БЕШЕ ЈУСА БУЛИЌ?
Поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Железник беше веќе добро познат во Белград пред неговата улога во југословенскиот фудбал. Во текот на деведесетите бил сопственик на повеќе кафулиња, ресторани и казина, а парите за нив најмногу ги заработувал преку криминални активности во странство.
Ја напуштил Југославија околу 1970 година, по полнолетството. Првата дестинација му била Италија, а патувал заедно со Љубомир Магаш „Љуба Земунец“ и Радет Чалдовиќ „Чента“. За време на годините на работа во странство, тој беше дел од кланот Магаш и имаше можност да се сретне со речиси сите белградски криминалци на привремена работа за време на акциите во Италија, Австрија, Германија и други земји од Западна Европа – меѓу другите и Жељко Ражнатовиќ. Аркан” и Ѓорѓе Божовиќ Гишка” .
Кога Горан Вуковиќ „Мајмун“ го уби Љуба Земунац на 10 ноември 1986 година, Јуса Булиќ донесе одлука да се врати во Југославија. Набрзо почнал да купува белградски локали – меѓу нив и кафулето „22“ во Нов Белград, пред кое бил убиен во 1998 година.
Додека во Југославија течеше граѓанската војна, а белградското подземје се бореше за превласт на кланови од различни делови на главниот град, Јуса Булиќ ја започна својата официјална кариера во спортот. Во 1993 година го купи фудбалскиот клуб Железник и го водеше се додека не влезе во елитното фудбалско рангирање на тогашната земја.
Големите планови што ги имаше со клубот беа прекинати со неговата смрт, а лидерската позиција ја наследи неговиот син Драган Аца Булиќ. Под негова команда, Железник го имаше својот единствен настап во Европа неколку години подоцна – двомеч против романска Стеауа – и го освои најголемиот трофеј во историјата – Купот на Србија и Црна Гора – победувајќи ја Црвена звезда со голот на Дејан Раѓеновиќ во првата минута од прпдолжението.
РИВАЛСТВО СО АРКАНА И УБИСТВО
Јусуф Булиќ беше убиен во престрелка пред неговото кафуле во Нов Белград, во далечната 1998 година, во време кога тој беше еден од најмоќните луѓе во Белград. Двајца маскирани напаѓачи, од кои едниот е повреден при пукањето, пукале од калашникови кон Јуса Булиќ, директорот на ФК Железник Петар Вујичиќ и телохранителот Ненад Рашчанин, а ги раниле братот на Јуса, Мука и Драгослав Периќ, кој бил гостин во кафулето.
Ова убиство никогаш не беше разрешено, но некои учесници во криминалниот живот во Белград во деведесеттите тврдеа дека зад се стои Аркан. За смртта на Јуса проговори Драган Николиќ „Гаги“, еден од осомничените за убиството на Жељко Ражнатовиќ. „Набрзо по убиството на Булиќ ми се јави Зоран Ускоковиќ Сколе и ми изрази сочувство за убиството на кумот Петар Вујичиќ. Беше во депресија, но ми кажа дека Аркан слави. Некое време после тоа не сакав се гледам со Аркан, за еден ден Сколе да каже дека Жељко праша што е со мене и дека е подобро да отидам кај него за да не се посомнева во нешто “, изјави тогаш Гага.
Наводно, Јусуф Булиќ бил наведен во криминалните кругови како втор најмоќен човек во Белград, веднаш по Жељко Ражнатовиќ. Сепак, нивните конфликти не започнаа поради бизнисот со кафулињата и казината, или поради ривалските фудбалски клубови, туку поради серијата состаноци што Јуса ги одржа непосредно пред неговата смрт.
Белградското подземје во тие години беше многу испреплетено, а речиси три децении подоцна е тешко да се дојде до прецизни информации и да се реконструираат настаните. Во помала или поголема мера, сите највлијателни криминалци од тоа време работеа заедно, но и едни против други. Така, неколку години подоцна, Сколе беше идентификуван како организатор, а Гаги како извршител на убиството на Жељко Ражантовиќ Аркан, во фоајето на хотелот Интерконтинентал. Драган Николиќ се согласил да учествува во убиството на командантот на српската доброволна гарда токму поради убиството на неговиот кум Петар Вујичиќ.