Аркан имал девет деца со 5 сопруги: Анастасија и Вељко се познати на сите, а за најстариот син дознал кон крајот на животот (фото)
Жељко Ражнатовиќ Аркан зад себе оставил големо потомство од девет деца кои ги имал со пет различни жени, и од брачни и од вонбрачни заедници.
Крајот на животот го дочека со две децении помладата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, додека на големо се зборуваше дали оваа љубов влијаела на бракот со првата сопруга Наталија Мартиновиќ. Имаше шест деца од два брака – четири од првиот брак со Наталија, а две со Цеца. Три деца се од вонбрачни врски.
Во првиот брак со Наталија Мартиновиќ ги доби близнаците Војин и Никола и ќерките Милена и Маша. Три деца од вонбрачни врски се Михајло, Софија и Анѓела, додека Вељко и Анастасија од бракот со Цеца се и најмалите деца на Аркан.
Децата од бракот со Наталија не го носат презимето на нивниот татко, но Војин, Никола, Милена и Маша се презиваат по нивната мајка – Мартиновиќ. Сите се високо образовани, а Војин пред неколку години ја доби ќерката Миа со Барбара Ванг. Првиот близнак Никола со години не живее во Србија, а познат е по тоа што беше главен модел во спотот на Цеца „Невиљала“ во 1998 година.
Војин и Никола се негови наследници, единствените машки потомци за кои знаел во тоа време. Дури за време на војната во Босна дознал дека го има синот Михајло во Шведска во раните осумдесетти.
Михајло е најстариот син на Жељко Ражнатовиќ Аркан. Неговиот син Михајло го родила Агнета од Гетеборг додека Аркан бил во Шведска.
Со актерката Љиљана Мијатовиќ, Аркан ја доби ќерката Анѓела. Таа сега има 38 години и дипломирала на Богословскиот факултет, а неодамна објави и стихозбирка. Таа е позната на јавноста, бидејќи во младоста се забавувала со Кристијан Голубовиќ.
Ќерката Софија е дете на социјален работник кој се грижел за Аркан во белгиски затвор. Денес живее во Брисел, а татко и’ првпат го видела на екранот кога Аркан му станал познат на целиот свет во 1991 година. Софија е родена во 1979 година, а самиот Аркан во 1994 година дознал дека има ќерка во Белгија. Неколку пати доаѓаше на спомен обележјето на нејзиниот татко, а потоа имаше блиски односи со Цеца и немаше ништо друго освен пофалби за неа при секоја посета.