На познатиот актер Арнолд Шварценегер му бил вграден пејсмејкер откако лузните од претходните операции предизвикале неправилно чукање на неговото срце.
Иконскиот Терминатор имаше тајна операција на срцето минатата недела, а сега проговори да открие како се чувствува и кога ќе се врати на снимање.
– ,,Mинатиот понеделник бев на операција, добив пејсмејкер. До петокот веќе присуствував на голем еколошки настан со мојата пријателка и колешка Џејн Фонда. Hикој никогаш не би помислил дека ја започнав неделата со операција “, откри тој на неговиот подкаст Arnold’s Pump Club.
Поранешниот гувернер на Калифорнија беше подложен на процедурата по совет на неговите лекари, кои рекоа дека неговите три претходни операции на срцето го нарушиле неговото тело.
– Ме советуваа и дека е време да ја направам оваа интервенција, бидејќи некоја лузна од мојата претходна операција предизвика неправилно чукање на срцето. Тоа е животот со генетски проблем со срцето – објасни тој.
– Истиот здравствен проблем ги уби мајка ми и баба ми. Сè уште сум тука за медицинските иновации, многу сум одговорен и решен да се грижам и да ги слушам моите лекари – рекол Шварценегер, пренесува Мондо.