Астрологијата открива кој хороскопски знак е ‘отпорен’ на романтика! Овој знак не сака да се врзува, не сака замарање – слободата му е на прво место

Астрологијата открива кој хороскопски знак ја претпочита слободата отколку романтиката.

Во љубовта има хороскопски знаци кои обожаваат романтични гестови, длабоки емотивни и долготрајни врски. Сепак, има и такви кои не се возбудуваат толку за романтиката и претпочитаат независност и слобода. Еден хороскопски знак е познат по тоа што избегнува врски.

Станува збор за знакот Водолија. Во овој знак се родени суштински индивидуалисти кои ја ценат својата слобода и не сакаат да ја ограничуваат со врска. Тие се чувствуваат среќни кога се сами и имаат целосна контрола врз нивниот живот. За нив романтиката е туѓа и необична. Сакаат различни авантури и испробување нови работи, но романтичната врска може да изгледа премногу рестриктивна и обврзувачка.

Луѓето родени во знакот на Водолија се повеќе насочени кон создавање пријателства и деловни контакти. Повеќе ја ценат менталната поврзаност отколку емоционалната врска, а нивните партнери често ги критикуваат за прекумерна посветеност на работата. Кариерата може да им биде исклучително важна, толку многу што имаат тенденција целосно да го изгубат приватниот живот.

Како и за секој хороскопски знак, така и за Водолијата има исклучоци и некои припадници на овој знак се подготвени да си ги отворат срцата. Сепак, генерално, Водолијата е хороскопски знак кој секогаш ќе ја претпочита слободата.