Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, денес на прес-конференција пред Собранието, одговарајќи на новинарски прашања, изјави дека Европскиот сојуз за промени е насочен кон победа во албанскиот кампус, и засега не разгледуваат можноста за предизборна коалиција со политички партии од македонскиот блок.
„Нашата коалиција сака да победи на наредните избори во албанскиот кампус. Па ќе видиме кој во македонскиот кампус ќе победи и дали ќе ги исполнат нашите услови, што сме ги кажале и пред да навлеземе во изборниот процес“, одговори тој на новинарското прашање.
На новинарско прашање за коментар во врска со вчерашниот упад во контролата за летање, лидерот на Демократско движење, Изет Меџити кажа дека во ДУИ се нервозни и секојдневно прават грешки.
„Има унифицирана опозиција со јасна програма и визија и веќе и Албанците во Македонија имаат алтернатива. Се чувствува енергијата за промени и во албанскиот кампус. Сето ова прави, ДУИ и другите да го имаат изгубено политичкиот компас“, нагласи Изет Меџити.