Ахмети: Албанците ќе го заштитат албанскиот јазик што го добивме со крв и жртва

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети синоќа престојуваше во Неготина на општина Враочишти.

Оттаму апелираше до Приштина и Тирана да го кренат својот глас, бидејќи како што вели „народот ќе го заштити албанскиот јазик освоен со крв“.

„Врапчишти и целиот албански народ ќе го штити албанскиот јазик кој е извојуван со крв и жртва. Албанците нема да го толерираат ова. Ќе ги блокираат патиштата во Северна Македонија. Очекуваме на заедничката средба со Владата на Северна Македонија, Владата на Република Косово да го постави прашањето за албанскиот јазик. Очекуваме реакција од сите партии во Косово, како што очекуваме реакција и од Тирана“, рече Ахмети.

Потсетуваме, ДУИ пред неколку недели започна со средби со граѓани во различни населени места на РСМ.