Балдони објави експлозивни видеа со докази дека Блејк лаже: Актерката веднаш повика адвокати, сепак тврди дека е во право (фото/видео)

Откако актерката Блејк Лајвли го обвини Џастин Балдони за сексуално вознемирување за време на снимањето на сцена со танц во филмот „Со нас завршува“, сагата продолжува.

Таа тврди дека актерот со усните ѝ поминал низ вратот и и’ рекол: „Толку добро мирисаш“, Балдони решил да се одбрани и да ја објави снимката од сетот за која тврди дека ја открива вистината.

Вознемирување или недоразбирање?

Слика од екранот 24-12-2024 155900.png

Блејк Лајвли го обвини Балдони дека ја преминал границата во професионално однесување, тврдејќи дека тој упатил 
коментар за мирисот кон нејзиниот врат додека снимале романтична танцова сцена.

Според неа, никој не го слушнал коментарот бидејќи микрофоните биле исклучени. Сепак, Балдони понуди докази кои ги побиваат нејзините тврдења.

Балдони прикажува снимка која ја побива Лајвли

Балдони, всушност, обезбеди снимка од сетот за Дејли Мејл, покажувајќи колку тој и Лајвли всушност биле пријателски расположени.

На снимката се гледа како се смеат, па дури и зборуваат за своите партнери, што покажува дека сцената немала несоодветни мотиви. Касетите откриваат и разговор во кој Балдони се шегува за мирисот на спрејот за потемнување на Лајвли.

Правниот тим на Лајвли инсистира на недолично однесување

Иако Балдони тврди дека сè било професионално, адвокатскиот тим на Блејк Лајвли тврди дека снимката навистина покажува несоодветен контакт.

Адвокатите на актерката истакнуваат дека Балдони постојано се обидувал да ја бакне, ја допирал по телото и правел несоодветни гестови кои не биле дел од сценариото. Тие тврдат дека на Лајвли и’ било непријатно и се обидела да се дистанцира од Балдони.

Реакција на објавувањето на видеото

Лајвли изјави дека објавувањето на видеото од Балдони и неговиот тим имало за цел да манипулира со јавноста. 
Нејзиниот тим тврди дека овој потег е уште еден обид за вознемирување и одмазда. Адвокатскиот тим на актерката инсистира Балдони и неговата продукциска куќа да одговараат на суд, а не преку медиумски трикови.