БАЛКАН И СЕ Е МОЖНО – Босанец и донел Украинка на неговата сопруга: “Отсекогаш ми бил сон да живеам со две жени…“
Елмедин Кариќ од Бусовача во Босна и Херцеговина е оженет со две жени. Ова, вели, отсекогаш му бил сон, пренесува Dnevni Avaz.
Тој десет години е во брак со првата сопруга Фатима и имаат три сина, а пред две години ја запознал и Украинката Јана на привремена работа во Германија. Тој веднаш и признал дека е оженет, но и објаснил дека е муслиман и дека смее да има повеќе од една жена, а таа се согласила на тоа.
На Јана и Фатима не им пречи што делат ист сопруг, тврди тој, но татко му не можел да се помири со тоа, па го избркал од дома.
„Две жени нема да влезат кај мене дома“, му рекол татко му.
Тогаш Елмедин Кариќ купил куќа на кредит и во неа живее со две сопруги и три деца. Фатима ветил дека никогаш нема да ја остави, но тој и кажал дека сака да биде и со Јана. Двете жени се запознале преку Интернет, а сега, вели Елмедин Кариќ, добро се сложуваат.
Неодамна ја однел својата втора сопруга Јана во Украина бидејќи таму починала нејзината мајка. Не му пречело што има војна во Украина.
Елмедин Кариќ вели дека Јана и Фатима добро се согласуваат и се грижат една за друга како две сестри и не им пречи што делат сопруг, пренесува споменатиот босански медиум.
„Тие прават сè договорено, готват, работат по дома, се грижат за децата…“, вели Елмедин Кариќ.