Бајден во ОН: Војните можат да престанат на Блискиот Исток

Џо Бајден го одржа својот последен говор во Обединетите нации како претседател на САД.

Американскиот претседател зборуваше за светските предизвици, вклучувајќи ја и војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

„Сега е време страните да ги финализираат условите“, рече тој, „за прекин на огнот во Газа“, пишува skynews.

Тој повика заложниците да се вратат дома, Хамас да ја изгуби контролата над Газа и да се стави крај на војната.

„Исто така, решени сме да спречиме поширока војна во која е вклучен целиот регион“, додаде претседателот, зборувајќи за ескалацијата меѓу Либан и Израел.

„Дипломатско решение се уште е можно. Всушност, тој останува единствениот пат кон одржлива безбедност. Војна од големи размери не е во ничиј интерес“, рече тој.

Инаку, Бајден пред неколку месеци одлучи да не се кандидира повторно за претседател на САД.