– Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша првиот билатерален трговски договор на Вашингтон со Тајван, објави Белата куќа.
Во краткото соопштение се вели дека Бајден ја потпишал „Иницијативата САД-Тајван за актот за имплементација на првиот трговски договор на 21 век“, потег што најверојатно ќе предизвика реакција од Пекинг.
Двете страни го одобрија договорот на 1 јуни откако Американскиот институт во Тајван (AIT) и Економското и културното претставништво на Тајпеј во САД (TECRO) постигнаа договор.
Бајден го потпиша документот неколку дена откако американскиот Сенат го одобри.
Договорот, исто така, „утврдува и други барања во однос на идните договори“, се вели во соопштението на Белата куќа.
Кина го смета Тајван за своја „отцепена провинција“, додека Тајпеј инсистира на своја независност.
Пекинг бара од Соединетите Американски Држави (САД) да ги прекинат односите со островот со околу 24 милиони жители.
Според податоците на надзорникот на пазарот Статиста, вкупната вредност на остварената американска трговија со Тајван во 2022 година изнесувала 136 милијарди долари. За извозот на одбранбениот сектор од околу 19 милијарди долари од САД во Тајван сè уште се чека.