Бајден назначил Босанец за висок советник, а како момче избегал од пеколот на геноцидот во Сребреница

Босанецот Елвир Клемпиќ беше назначен за висок советник на американскиот претседател Џо Бајден за односите меѓу Белата куќа и американските муслимански заедници.

Клемпиќ на оваа функција ќе го наследи Мазен Басрави, чиј мандат заврши на 8 јули, објави Middle East Eye.

Канцеларијата за врски со муслиманските заедници во Белата куќа беше претходно укината од Доналд Трамп откако победи во претседателската трка во САД во 2016 година.

Клемпиќ, неодамна служеше како претставник за врски во Белата куќа за Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Како момче го напуштил Поточари на камион со мајка му и баба му во јули 1995 година. Неговиот татко избегал пробивајќи ја шумата, но неговиот дедо не го преживеал пеколот на геноцидот во Сребреница.

Од јули 1995 до 2001 година, Елвир живеел во Бановиќи. Потоа, како деветгодишник, со семејството се преселил во Америка, во сојузната држава Ајова. Токму во Ајова речиси две децении подоцна, на внатрепартиските демократски избори, Џо Бајден го започна своето патување до Белата куќа.

Еливир Клемпиќ беше дел од изборниот штаб на Бајден и беше одговорен за етничките групи.