Американскиот претседател Џозеф Бајден верува дека израелската војна против Хамас ќе заврши кога екстремистичката организација ќе биде лишена од способноста да убива Израелци.
Тој апелираше до Израелците да покажат воздржаност кога вршат воени операции во Ал Шифа, најголемата болница во Појасот Газа.
– Мислам дека ќе престане кога Хамас веќе нема капацитет да убива – изјави Бајден синоќа за војната.
Американскиот лидер верува дека „крајниот одговор е решение (според моделот) на две држави“ и дека Израелците и Палестинците живеат рамо до рамо пренесе АП.
Бајден ова го изјави на прес-конференција по средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг на маргините на конференцијата за азиско-пацифичка економска соработка во Калифорнија.
Администрацијата на Бајден продолжува да ги отфрла повиците за прекин на огнот и наведува дека Израел има право да се брани по масакрот на 7 октомври, но поддржува пократки хуманитарни паузи, очекувајќи дека израелската страна ќе ги почитува правилата за војна во конфликтот во Газа, објавија медиумите.
Американскиот претседател оцени дека Израел презема ризик со дејствување околу болницата Шифа во градот Газa, но едно е: Хамас има штаб, оружје и материјал под болницата.
Тој, исто така, изрази надеж дека ќе се постигне договор за ослободување на околу 240 заложници кои се држат во Газа , благодарение на посредништвото на Катар.