Бајден се ракуваше со Сталин! Неочекувана средба на гала вечерата на самитот на Г-20 што ја организираше индискиот премиер (ФОТО, ВИДЕО)

На свечената вечера организирана од премиерот Нарендра Моди во рамките на самитот на Г20 во Индија се случи средба каква што ретко кој очекуваше.

Како што пренесува AFP, Сталин се ракувал со американски претседател за првпат по многу децении.

Се дознава дека наместо одамна починатиот поранешен советски диктатор, гостин на Моди на вечерата на која присуствувал и шефот на Белата куќа бил М.К. Сталин, премиер на индиската сојузна држава Тамил Наду.

М.К. Сталин е роден на 1 март 1953 година, четири дена пред смртта на Јосиф Сталин, а неговиот татко го именувал по советскиот лидер.

AFP пренесува дека индискиот политичар бил снимен како се смешка додека се ракува со Бајден на синоќешната вечера.

М.К. Сталин ја објави фотографијата на социјалната мрежа Х само наведувајќи дека присуствувал на вечерата на Г20, без никакви историски референци.

Сепак, другите корисници на таа социјална мрежа не беа толку срамежливи, наведувајќи дека „Бајден се ракуваше со Сталин во Делхи 78 години откако (поранешниот американски претседател Хари) Труман се ракуваше со Сталин во Берлин.