„Бев во депресија, не знаев што да правам со бебето“ – Весна Џогани проговори за тешкиот период

Весна и Џоле Џогани долги години се во хармоничен брак и имаат две деца.

Весна е позната по тоа што отворено зборува за својот приватен живот. Таа со својата публика споделува низ какви периоди минува и дека не е секогаш сè идеално во нејзиниот живот. Весна признала дека се борела со депресија по породувањето и побарала стручна помош.

– Првите шест месеци по раѓањето на Адрина страдав од постпородилна депресија. Тоа се манифестираше со тоа што не сакав да правам некоја активност поврзана со бебето, не знаев ни што да правам со син ми, се плашев дека нема да можам. Не помогна тоа што Џоле се погрижи сè да ми биде што е можно полесно. Вработи жена која ни помагаше во сите домашни работи, мое беше само да бидам силна, да се посветам на син ми и ништо повеќе од тоа, но некако не можев да го сторам тоа на самиот почеток. Секако, тоа помина со текот на времето и со него развив многу посебен однос – изјавила Весна, која во тие моменти не се двоумела да побара помош од психијатар.

– Подоцна, кога ја родив Лаура, на сè гледав многу поинаку и сè беше некако полесно – призна неодамна Весна.