Портпаролот на Советот за национална безбедност во Белата куќа Џон Кирби рече дека извештаите за тоа дека рускиот претседател Владиир Путин наводно планира пуч во Молдавија „предизвикуваат голема загриженост“.
Претседателката на Молдавија Маја Санду претходно го обвини Путин за намера да ја урне владата на земјата. На прашање на новинар на брифингот синоќа, Кирби одговори дека „извештаите за ова предизвикуваат длабока загриженост“.
-Ние даваме целосна подршка на владата на Молдавија и молдавскиот народ. Не видовме независни потврди за тоа, но тоа сигурно изгледа како страница од учебникот на Путин, рече тој.