Бела куќа: Нема договор за размена на затвореници со Иран, тоа е уште една особено сурова лага

 Белата куќа соопшти дека во моментов нема договор за размена на затвореници со Иран и дека САД продолжуваат да соработуваат со Иран за тоа како да ги вратат дома Американците кои неправедно се притворени таму.

-Нема договор. И последното нешто што сакаме да направиме е да им дадеме лажна надеж на семејствата кои долго време чекаат нивните најблиски да се вратат дома, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан, пренесуваат британските медиуми.

Шефот на иранската дипломатија, Хосеин Амирабдолахиан, изјави дека Техеран е во завршна фаза од преговорите за размена на затвореници со САД, тврдејќи дека е постигнат напредок во многу чувствителен и важен договор, што Вашингтон веднаш го оспори.

Амирабдолахиан за државната телевизија во неделата изјави дека двете земји се на прагот на размена на затвореници и покрај тензиите што се зголемија во последните месеци поради нуклеарните прашања и врските со Русија.

-Постигнавме договор во последните неколку дена и ако се биде добро од американска страна, мислам дека за краток период ќе бидеме сведоци на размена на затвореници. Што се однесува до нас, се е подготвено, рече тој.

Саливан само кажа дека иранските изјави за договорот се „уште една особено сурова лага која само го зголемува страдањето на семејствата на затворениците“.