Белгиската федерална полиција деноноќно ги чува руските дипломатски претставништва во Брисел откако Русија ја нападна Украина во 2022 година, а дневните трошоци за таа намена се речиси 9.000 евра. Ова го објавија локалните медиуми, повикувајќи се на податоци презентирани од министерката за внатрешни работи Анелизе Верлинден како одговор на пратеничко прашање, пренесе БТА.
Според презентираниот извештај, тоа доведува до трошоци од 261.864 евра месечно, а од почетокот на војната 6.240.705 евра. Се наведува дека одлуката за зголемување на безбедноста е донесена во консултација со белгиската служба за проценка на заканите, која работи во соработка со разузнавачката заедница и безбедносните служби.
Заштитата е во интерес на јавниот ред, објаснува Верлинден. Според неа, ваквите постапки се дел од законските барања за белгиската полиција.