БИБЛИСКИ СЦЕНИ ВО СПЛИТ: Наезда од скакулци ги вознемири граѓаните, бараат ИНТЕРВЕНЦИЈА ОД ОВИЕ НАПАДИ!

Сплитчани цело лето живеат во овие услови, но велат дека состојбата во последните денови значително се влошила.

Поради огромната наезда на скакулци , жителите на Сплит побараа интервенција на Градот, но иако, како што велат, скакулци има насекаде, на фасади, скали, балкони, па дури и во кревети, Градот не може да им помогне.

Сплитчани цело лето живеат во овие услови, но велат дека состојбата во последните денови значително се влошила.

Најлоша е состојбата во населбите Мејаши и Кила.

– Жена ми ме колне и не моли воопшто да не ги отвораме прозорците или балконските врати за да не влезат, но тоа не е решението – се пожали Стипе од Кила и додаде дека во таа населба живее повеќе од 20 години и дека никогаш досега не видел вакво нешто.

– Огромни се, гигантски – коментираат граѓани во групата „Килавци“ на социјалните мрежи.

„Слободна Далмација“ пишува дека „библиска чума го зафати источниот дел на Сплит “.

Град: Немаме договорена дезинсекција

На претседателот на областа Тони Пиплица од Градот му рекле дека немаат договорена дезинсекција на скакулци, па затоа не можат да помогнат.

Од фирмата ЦИАН побарал понуда за дезинсекција, која ќе ја препрати до Градот, со надеж дека општинското одделение ќе му пречека и ќе го реши проблемот.

А, од Институтот за јавно здравје му рекоа дека скакулците ќе одат како што дошле. Најдобро решение, додаваат, е поставување на мрежи против комарци.