“БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ“ – Ким Џонг Ун ја повика Армијата да одговори на сите провокации на “непријателот“

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја повика севернокорејската Армија да биде подготвена да одговори на секоја провокација од страна на непријателот, објавија денес севернокорејските државни медиуми, откако Пјонгјанг соопшти дека ќе распореди посилни вооружени сили и ново оружје долж границата со Јужна Кореја.

Ким Џонг Ун, за време на посетата на командата на воздухопловните сили на Северна Кореја на „Денот на Воздухопловните Сили“ во четвртокот, претстави насоки за подобрување на борбените способности на Армијата, објави медиумската агенција KCNA.

Ким Џонг Ун наведе оперативни и тактички мерки за да се спротивстави на, како што кажа, „секаква воена провокација и закана од непријателот веднаш и насилно“, според KCNA, пренесе медиумската агенција Reuters.

Ким Џонг Ун и неговата ќерка гледаат демонстративен лет на севернокорејските воздушни сили на 30 ноември
Ким Џонг Ун и неговата ќерка гледаат демонстративен лет на севернокорејските воздушни сили – 30. ноември

Лидерот на Северна Кореја потоа присуствуваше на демонстративен лет на воздухопловните сили.

Фотографиите објавени од државните медиуми покажуваат дека Ким Џонг Ун и неговата ќерка, облечени во долги кожени јакни, го гледаат авионот како полетува. Ким Џонг Ун ги пофали воздухопловните сили за, како што кажа, целосната подготвеност за извршување на борбената мисија под сите услови.

Тензиите на полуостровот се зголемија откако Северна Кореја лансираше воен сателит во орбитата минатиот месец, што ја натера Јужна Кореја да ја суспендира клучната клаузула од меѓукорејскиот воен договор од 2018 година.

Пјонгјанг оттогаш објави дека повеќе не е обврзан со договорот.

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници остро го осудија лансирањето на првиот воен шпионски сателит на Северна Кореја во орбитата како кршење на резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нацииПјонгјанг, сепак, најави дека ќе лансира уште воени сателити.

Во четвртокот, САД воведоа нови санкции кон Северна Кореја поради нејзиното лансирање сателит. Јужна Кореја исто така воведе санкции кон Северна Кореја.