Биле разделени 16 години, па се венчале втор пат: Приказна која ја враќа вербата во љубовта

Нивната љубовна приказна е навистина неверојатна и доказ дека никогаш не е доцна за вистинска љубов.

Иако во септември ја прославија втората годишнина од бракот, да не беше разводот, по кој беа разделени цели 16 години, тие всушност ќе прославеа 25-годишнина.

Кара и нејзиниот сопруг Лери по втор пат си го кажаа судбоносното „да“ во 2021 година, а оваа Британка ја раскажа својата животна приказна за вистинската и нераскинлива љубов.

„Поминавме 16 години разделени. Иако не сакав да биде така, работите се случија со причина. Сигурно немаше да бидам личноста што сум денес да не минев низ бурни периоди во текот на овие 16 години. Во 2018 година, ѕвездите се усогласија и се помиривме, за три години подоцна, во 2021 година, повторно да се венчаме. Животот е полн со пресврти и сигурна сум дека секој има своја приказна“, напиша Кара на Инстаграм со фотографии од двете свадби.

Сопругата првпат го запознала во теретана, во февруари 1996 година, и веднаш знаела дека тој е тој. Тој е постар од неа 11 години, од претходниот брак има две деца кои од почеток ги сака како да се негови, а по само неколку месеци од врската таа забременила и добиле ќерка.

Следната година се венчаа, добија втора ќерка и и стана исцрпувачки да биде и мајка и маќеа додека Лери често беше отсутен на работа. Тие се оддалечија, а во 2001 година таа поднесе барање за развод, се исели со ќерките, но се покаја по само неколку месеци. И двајцата во меѓувреме имале други партнери, а таа признала дека е љубоморна на неговата девојка. Љубовта не згаснува…

Често се слушаа и во 2018 година и двајцата беа повторно сингл, за една вечер таа да спие кај него, откако била на настан во близина на неговиот дом, а и било предалеку за да вози дома. Таа вечер се бакнаа и сфатија дека се уште се вљубени еден во друг, изјави Кара еднаш за The Sun.