Бил Гејтс ја истражувал канализацијата: Веднаш си го затнал носот, а потоа влегол во бескрајни тунели (ВИДЕО/ФОТО)

Неговата љубопитност била инспирирана од Светскиот ден на тоалетот

Американскиот милијардер Бил Гејтс го сподели своето извонредно искуство истражувајќи ја скриената историја на бриселскиот канализациски систем и улогата на отпадните води во глобалното здравје.

Неговата љубопитност е инспирирана од Светскиот ден на тоалетот, како што е забележано на социјалните мрежи, каде што објави видео од својата авантура.

Гејтс се спуштил во бриселската канализација, а на видеото се гледа дека веднаш откако се симнал по скалата го затнал носот.

Во останатиот дел од видеото можете да ги видите подземните лавиринти и експонати на Музејот за канализација.

Во Музејот за канализација се сместени вредни експонати и записи кои ја хронизираат историјата на канализациониот систем на градот, особено фокусирајќи се на периодот во 1800-тите кога таквите води завршиле директно во реката Сена, предизвикувајќи епидемии на колера.

Денеска е развиен систем за третман на отпадни води кој се протега на стотици километри и игра клучна улога во зачувувањето на здравјето на граѓаните на Брисел.