Наполи сè уште е сопственик на договорот со Виктор Осимен, фудбалер кој блеска каде и да се појави.
Нигериецот моментално е во Галатасарај на позајмица, а долго време се поврзува со други тимови.
Манчестер Јунајтед е еден од нив и според турските медиуми има договор меѓу тимот од „Олд Трафорд“ и Виктор Осимен.
Неколку медиуми ја објавија оваа информација која најверојатно доаѓа од истиот извор, Осимен наводно договорил петгодишен договор вреден неверојатни 15 милиони евра годишно!
Тој има валиден договор со Наполи според кој добива 10 мил.
Неговата ослободителна клаузула е 80 милиони евра, Манчестер Јунајтед го бара за 20 милиони помалку и преку преговори ќе се обиде да ја намали цената. За тоа се двоуми Наполи, но тешко дека ќе оди подолу од споменатите 80 …