БОМБА ОД ФРАНЦИЈА И КРАЈ НА ПОВЕЌЕГОДИШНАТА САГА – Килијан Мбапе заминува од ПСЖ: Договорил се со новиот клуб !?

Трансфер сагата која трае со години се чини дека и дојде крајот. Според FootmercatКилијан Мбапе, постигнал договор со Реал Мадрид. Од летото 2017 година во секој преоден рок се шпекулира за доаѓањето на францускиот напаѓач во „Кралскиот Клуб“, а тоа конечно ќе се случи за неколку месеци откако ќе му истече договорот со ПСЖ. Француските медиуми тврдат дека Килијан Мбапе зачекорил во 2024 година со договор со Реал Мадрид.

Пред неколку дена, по триумфот во Суперкупот на Франција, 25-годишниот напаѓач јавно проговори за својата иднина.

Многу сум мотивиран за оваа година, многу е важна. Мора да бараме титули, и веќе освоивме една. Со договорот што го направив со претседателот ова лето, без разлика на мојата одлука, успеавме да ги заштитиме сите страни и да го зачуваме спокојството на клубот за предизвиците што претстојат, што останува најважно. Знам што ќе правам, нема да трае долго“, вели тој.

Килијан Мбапе дојде во ПСЖ од Монако во летото 2018 година во трансфер вреден 180 милиони евра, што и понатаму е втор најголем трансфер во историјата на фудбалот. За клубот од „Принс Парк“ одигра 284 натпревари, постигна 237 гола и даде 101 асистенција. За тоа време подигна и 14 трофеи, во пет наврати беше најдобар стрелец на француската лига, три пати беше прогласен за најдобар француски фудбалер…