Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, ги осуди изјавите на израелските министри за намалување на хуманитарната помош за Појасот Газа.
Пишувајќи во X, Борел рече дека санкциите треба да бидат на агендата на ЕУ и ја повика израелската влада да се дистанцира од коментарите и „да се вклучи во преговори со посредство на САД, Катар и Египет за итен прекин на огнот“.
Разбирливо е дека коментарот на европскиот дипломат доаѓа откако екстремно десничарскиот министер за национална безбедност на Израел, Итамар Бен-Гвир, изјави дека преносот на хуманитарна помош и гориво на појасот треба да се прекине „додека сите заложници не се вратат дома“.
While the World pushes for a ceasefire in #Gaza, Min. Ben Gvir calls for cutting fuel & aid to civilians.
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) August 11, 2024
Like Min. Smotrich sinister statements, this is an incitement to war crimes. Sanctions must be on our EU agenda.
I support UN @Volker_Turk in his strong condamnations. 1/2
Во исто време, Бен-Гвир повика на трајна окупација на Газа, пишува euronews , пренесува Телеграф.
Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека делегација од Израел ќе присуствува на разговорите за прекин на огнот со Хамас за да преговара за ослободување на заложниците кои се уште се држат во Газа.
„Погрешно е да се седи со Хамас, кој силуваше, убиваше и палеше бебиња“, рече израелскиот министер.
„Ако им го исклучиме горивото, во рок од една недела ќе клекнат на колена. Па зошто би направиле договор, особено таков неодговорен договор?“
Коментарите на Бен-Гвир следат по оние на израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич, кој минатата недела рече дека гладувањето на палестинските цивили може да биде „изговор“.
Борел двете изјави ги нарече „поттикнување на воени злосторства“.