„Бугарија и Република Македонија потпишаа Договор за добрососедство, кој е вклучен во планот за проширување и никој не може да отстапи од него“.
Ова го изјавил претседателот на бугарската собраниска Комисија и екс бугарски премиер – Бојко Борисов, коментирајќи ја одлуката на постојаните претставници во Европската унија (ЕУ), донесена на состанокот на 25 септември, за одвојување на Албанија од Македонија на патот кон членство во ЕУ.
Лидерот на ГЕРБ ја советувал Бугарија да биде умерена во ова прашање и без чувство на одмазда.
„Затоа што тактиката на нашите колеги воМакедонија е ние да бидеме виновниците. Имаме Договор за добрососедство кој е вметнат во Планот за проширување и никој не може да отстапи од него. Така функционираат европските институции. Резултатот е дека Албанија оди напред, го прифати бугарското малцинство, а нашите колеги во Македонија мора да го издржат или толерираат она што нивното однесување им го создаде досега“, рекол Борисов.
Според Борисов, Бугарија не го нарушува добриот тон и побарана е само оставка од вицепремиерот Александар Николоски.
-Ние како држава мора да се исправиме и да не бидеме во тонот на еден министер. Сакам да го уверам бугарскиот народ дека за се што направивме во Европската народна партија, во Европскиот совет, во Европската комисија сме многу добро слушнати – вели Борисов, пренесуваат бугарските медиуми.