Борис Џонсон ќе стане татко по осми пат! Поранешниот премиер на Велика Британија го очекува своето трето дете со сегашната сопруга
Сопругата на поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон, Кери Џонсон, објави дека парот го очекува своето трето дете.
Кери Џонсон се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и кажа дека се чувствува „прилично исцрпено“ во последните осум месеци, но дека таа и нејзиниот сопруг едвај чекаат да го запознаат бебето за неколку недели.
Борис и Кери Џонсон, кои се венчаа во мај 2021 година, веќе имаат две деца – 3-годишниот Вилф и 2-годишната Роми.
Борис Џонсон, исто така има и четири деца од претходниот брак со Марина Вилер и уште едно вонбрачно дете.