Бразилската фудбалска легендата го повика Кристијано Роналдо во Европа: “Арапите го измамија, ова би било најдоброто решение за него и неговата сопруга!“

Британскиот весник Daily Mail ги заинтригира читателите со насловот: „Кристијано Роналдо може да биде измамен со договор од 173 милиони фунти, кои Ал Наср му ги плаќа годишно!“. Се работи всушност за изјавата на поранешниот бразилски репрезентативец Ривалдо.

Денеска, 38-годишниот Кристијано Роналдо во јануари потпиша две и пол годишен договор со Ал Наср и стана најплатениот фудбалер во историјата на овој спорт. Кристијано Роналдо добива 200 милиони евра годишно за своите играчки способности. Ривалдо се обидел да му објасни на новинарот на каталонскиот весник Mundo Deportiva – како Кристијано Роналдо е измамен !?

слика
Кристијано Роналдо

Разбирливо е дека играчите понекогаш се измамени со голем договор. Животот во Саудиска Арабија е многу позатворен и фудбалот не е толку едноставен како што може да се очекува. Така, во такви ситуации, можеби поминувате низ фаза на одредено разочарување, па дури и на размислување. Но, парите често го надокнадуваат не толку среќниот живот што го живеете“, изјавил Ривалдо.

Бразилецот смета дека животната сопатничка на РоналдоГеоргина Родригез е несреќна во Ријад и наводно сака да се врати во Европа. Исто така, обожавателите на Ал Наср ја посакуваат титулата, а тимот предводен од славниот Португалец е само втор со пет бода помалку од водечкиот Итихад. Досега Кристијано Роналдо одигра 16 натпревари за Ал Наср и постигна 12 гола.

Навивачите мора да сфатат дека не можат да го бараат истото од Кристијано како кога имаше 25 или 26 години. Но, тој сигурно може да му помогне на клубот да освои трофеи“, кажал бразилецот.

Но, 51-годишниот Ривалдо има решение за сите „проблеми“ на Кристијано Роналдо

За него и за фудбалот најдобро би било да се врати во Реал Мадрид и таму да ја заврши кариерата!“, тврди тој.

Мора да се признае дека е малку необично што токму Ривалдо, кој две сезони играше за Бунјодкор од Узбекистан, а една година живееше во Ангола, играјќи за клубот Кабускорп, го има „рецептот за среќа“ на Кристијано Роналдо.