БРАКОТ НА СЛАВНИОТ ВИЛ СМИТ ВО ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ – Џејда Пинкет-Смит откри добро чувана тајна: “Јас и тој живееме одвоено од 2016 година“
Џејда Пинкет Смит, иако се чинеше дека нема што повеќе да каже за себе, приватниот живот, сопругот, децата и која било друга тема, призна дека таа и Вил Смит живеат одвоено веќе седум години. Таа го кажа ова прво во ексклузивно интервју за магазинот People, а потоа и како гостинка во емисијата „Today“ на мрежата NBC.
Актерката (52 г.), која наскоро ќе издаде нова биографска книга „Worthy“, по објавувањето на пикантни детали од нејзиниот приватен живот, објасни дека двајцата „напорно работат“ обидувајќи се да сфатат каква е иднината на нивниот брак. Инаку, парот се венлаше во Балтимор во 1997 година, а таа веќе тогаш го носела нивниот син Џејден (25 г.).
Зборувајќи за нивната врска, Џејда Пинкет Смит вели дека таа и Вил Смит имаат длабока љубов еден кон друг и дека дефинитивно ќе најдат начин да направат работите да функционираат.
А што се однесува до децата, Џејда Пинкет Смит, која до неодамна беше домаќин на подкастот Red Table Talk (кој исто така предизвика многу изненадувачки и шокантни изјави), вели дека тие се „нејзините мали гуруа“. Покрај Џејден, двојката ја има и ќерката Вилоу (22 г.), а 30-годишниот Треј, синот на Вил Смит од првиот брак, отсекогаш бил многу близок со нив.
„Ме научија на длабокото значење на самоприфаќањето“, изјавила Џејда Пинкет Смит во интервјуата.
Таа во емисијата „Today“ таа објаснува зошто нивниот брак се распаѓа.
„До 2016 година бевме исцрпени од обидите да го спасиме бракот… Мислам дека и двајцата бевме заглавени во сопствената идеја за тоа каков треба да биде другиот“, вели таа и додава дека размислувала и за развод, но никогаш не го покренала процесот: „Ветив дека никогаш нема да има причина за развод. Дека заедно ќе работиме на се. Не сакав да го прекршам ветувањето“.
„Но, вие сепак живеете одвоено ?“, директно прашала водителка, на што таа одговорила: „Да, живееме одвоено“.
Пред три години парот јавно призна дека имале проблеми во бракот откако Џејда Пинкет Смит имала афера со музичарот Аугуст Алсин, кој тогаш имал 25 години. Тоа било причината поради која тие решиле да се разделат, тоа е и причината што се уште „работат на бракот“.
Така тие двајца беа во суштина разделени кога Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок на доделувањето на Оскарите, по шегата на Крис Рок за фризурата на Џејда Пинкет Смит и проблемите со алопеција, губење на косата.