Млад човек (24) наводно ја убил сопствената сестра (23) во семејната куќа во германскиот град Бремен.
Според локалните медиуми, младиот човек сам повикал полиција и го пријавил страшното злосторство.
– Нешто и’ направив на сестра ми – рекол тој кога се јавил во полиција.
Кога полицијата пристигнала на местото на злосторството, девојката лежела во соба на третиот кат од куќата. Лекарите од итната помош се обиделе со реанимација, но безуспешно.
Како што дознава „Билд”, 23-годишната девојка три години живеела во таа куќа со другата сестра, сопругот и двете мали деца, а до неодамна со нив живеел и братот. Според зборовите на соседите, тој се отселил пред неколку месеци. За семејството се вели дека се Мароканци.
– Жената секогаш носеше ,,чадор” (традиционална женска облека во Иран, која го покрива телото од косата до глуждовите). Последен пат ја видов во друштво на висок Африканец – изјавила сосетката за медиумите.
Младиот осомничен не давал отпор при апсењето на местото на злосторството.
– Според досегашниот статус, истражителите претпоставуваат дека се работи за убиство во семејството. Жената починала од надворешен фактор. Формиран е одред за убиства, кој дополнително ќе ја преземе истрагата – изјави портпаролот на полицијата Томас фон дер Хејде.
Сè уште не е јасно како починала девојката, додека се истражува позадината и мотивот на злосторството.