– Европска Унија ја забрзува испораката на оружје за Украина за да ја поддржи контраофанзивата на земјата против руските сили, изјави европскиот комесар за индустрија Тиери Бретон во интервју за францускиот дневен весник „Паризиен“.
– Ќе ги зголемиме нашите напори за снабдување со оружје и муниција, ова е војна со висок интензитет, во која тие играат одлучувачка улога, наведе Бретон алудирајќи на ветувањето за испорака на еден милион муниција од голем калибар во следните 12 месеци.
Според него војната во Украина „ќе продолжи уште неколку месеци или уште подолго“.
Украина започна контраофанзива претходно овој месец за да ја врати контролата врз територијата заземена од руските сили. Претходно американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ги повика сојузниците на Киев да вложат максимални напори за да обезбедат повеќе оружје и муниција.